Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Поскап дизел, се крчкаат повисоки плати за администрација

УТРИНСКИ ФОКУС: Поскап дизел, се крчкаат повисоки плати за администрација

Вести во фокусот на Фактор овој вторник ...

*

Кој директор се прости од функција со потпис вреден 5,6 милиони евра?

Гајур Кадриу, сега екс директор на безимената државна компанија која до неодамна се викаше „Македонијапат“, на денот кога премиерот Заев објави дека е разрешен, склучи договор за набавка на битумен вреден 5,61 милиони евра (договор со најголема вредност на ова претпријатие од 2008 година до сега). И овој тендер за набавка на битумен бил со само една понуда.

Се пишуваат законските измени: Повисоки плати за армијата административци

Повисоки плати за вработените во јавната администрација ќе предвидат Измените на законот за исплата на платите на кои веќе работи Министерството за труд и социјална политика. Владата одлучи да ги зголеми платите на армијата административци за да ги мотивира вработените во јавниот сектор. 

*

Охриѓани, центарци и чаирчани се повеќе „вријат“, цела година мината без пријава и казна за дивоградба

Според извештајот кој го доби „Фактор“ од Инспекторатот, охриѓани 47 пати пријавувале неправилности, односно можни прекршувања на законот за градење и законот за просторно и урбанистичко планирање.

*

КОЛКУ ПОСКАПЕ ДИЗЕЛОТ: Од полноќ почнаа новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика вчера напладне одлучи да ја зголеми цената на дизелот за половина денар, и од синоќа на полноќ тој се точи по цена од 62.00 денари за еден литар.

Каде ни бегаат студентите на работа преку лето?

Младите од Македонија во текот на летото патуваат и работат во Америка, со што имаат шанса да се запознаат со американската култура, но и да заработат.

Тие имаат искуства кои цел живот ќе ги паметат.

Слично

Поврзани вести