Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Под блокада 1ТВ - Направи ли Тевдовски „гранде потег“ за неговата фела

УТРИНСКИ ФОКУС: Под блокада 1ТВ - Направи ли Тевдовски „гранде потег“ за неговата фела

УЈП ја блокираше сметката на 1ТВ?

Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, дознава „Фактор“. Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дојде „Фактор“, сметката даночниците ја блокирале уште вчера. Нашата редакција утрово побара одговор од УЈП,  дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.

*

Како министерот Тевдо го „ослободи“ од ДДВ професорот Тевдовски?

Министерот Тевдовски предложи, Владата одобри и Собранието прифати ослободување од ДДВ (без право на одбивка на претходен данок за услуги) за сите негови колеги професори на факултетите за приходи кои ги остваруваат како ментори при изработка на магистарски и докторски трудови. Со ова министерот Тевдовски со образложение дека ова е суштинско за научно истражувачката дејност ги ослободи од даночење најголемите приходи на професорите: менторирањето на магистратури нешто што сега е многу „ин“ .

*

Шкариќ: Премиерот може да врши која било министерска функција, во иднина уставни измени за тоа

Некои законски и уставни решенија се многу тврди и мора да се променат. Професорот по уставно право Светомир Шкариќ за Фактор вели дека можеби во иднина треба да се иницираат измени во концептот на Уставот, со што ќе и се овозможи поголема флексибилност на Владата. Прашањето за споивоста на функциите во извршната власт се отвори вчера по реакцијата на Комисијата за спречување на корупцијата според кое премиерот Зоран Заев не може да биде и министер за финансии, како што самиот предложи. Заев ја повлече кандидатурата, но соопшти дека ќе раководи со Министерството за финансии додека не се избере наследник на Драган Тевдовски кој пак синоќа беше разрешен од функцијата. 

*

Текстилците не можат да кренат глава од прекувремена работа за која не им се доплаќа

Во Македонија текстилните работници работат прекувремено, за што обично не добиваат надомест.

За нив работниот ден многу често трае и повеќе од 8 часа.  Ова е сериозен проблем и истото трае подолго време. На повеќе од 70% од текстилните работници во градовите од Источна Македонија не им е платена прекувремената работа, покажа анализата направена во рамките на проектот ,,Создади мрежа на знаење-препознај и пријави прекршување права“ кој го спроведува Здружението ,,Гласен текстилец“

*

Ќе извиси ли кинеската Ексим банка за автопатот Oхрид-Kичево ?


Капиталните инвестиции годинава ќе бидат подобри од претходната. Ова е ставот на вицепремиерот Кочо Анѓушев кој вели дека интензитетот се зголеми и посериозно придвижување се очекува во втората половина од годинава.


Слично

Поврзани вести