УТРИНСКИ ФОКУС: По субвенциите за платите, ќе скокне ли и минималната плата
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
Владата најави зголемување на платите, а дали паралелно ќе се зголеми и минималната плата. Ова прашање си го поставува јавноста а иако министерот Бектеши кажа дека ќе порасне минималецот на 15 500 денари но сепак Владата иако планира покачување засега не е познато колкаво би било зголемување.
*
Акционери: Лажниот стечај на ТЕ-ТО е ништовен
Уште една потврда дека има сомнителни дејства во случајот со стечајот на ТЕ-ТО е тврдењето на Комисијата за хартии од вредност дека постојат основи на сомневање дека сметководителот и независните ревизори постапиле спротивно на Законот за хартии од вредност, велат акционери на Топлификација друштво кој е доверител во друштвото за кое веќе има и кривични пријави од Финансиската полиција.
*
Миксетата 115 илјади евра, шанкот 70 илјади, најскапиот микрофон милион денари во Национална филхармонијаМинистерството за култура му го пренесе правото на трајно користење на опремата и инвентарот во надлежност на Националната филхармонија - Скопје, а во списокот на евиденција кој го погледна „Фактор“ може да се види колку чини поединечно се што е набавено своевремено пред отворањето на објектот во 2017 кој чинеше помеѓу 30 и 40 милиони евра.
*Стојановски: Ветингот ќе биде болен процес, но мора да се утврди интегритетотИнфективната корупција во највисоките државни функции, особено тие кои треба да ја штитат правдата се трагичната слика за македонската кревка "демократија". Самоволието на моќниците, локалните шерифи и нестручните и и вработените врз непотизам ако ништо друго барем треба да се превенира од државните институции.
*
Накова Парнарџиева: УНИбанка оди чекор напред во заштитата на интернет плаќањатаНајвисоко ниво на сигурност и безбедност на клиентите при интернет плаќањата со картичка гарантира новата технологија за заштита што оваа банка неодамна ја воведе. Станува збор за таканаречена 3D Secure со која клиентите дополнително ќе се идентификуваат со еднократна лозинка. Александра Накова Парнарџиева во разговор за Фактор вели дека во последниот период во секојдневието луѓето сѐ почесто го користат интернетот како алатка преку која едноставно и многу брзо можат да плаќаат услуги или купуваат производи.
