УТРИНСКИ ФОКУС: Новите имиња на институциите, богатите како Безос трупаат богатство
* Скоро сите државни институции, како и организации кои се основани од државата или се финансираат од буџетот добија нови имиња.
*Најпознатиот македонски текстилен бренд „Тетекс“ на својот генерален и извршен директор Глигорие Гоговски ќе му додели награда за успешно работење во износ од 27.900 евра, пишува во предлог одлуката за која ќе гласаат акционерите на компанијата.
*Како одлука на Уставен водеше кон поголеми плати за вицепремиерите во Владата?
Замениците на премиерот Зоран Заев наскоро ќе добијат поголеми плати доколку пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се согласат да го изгласаат новиот Предлог закон за Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица. Причината поради која воопшто започна процедура за усогласување на платитте на вицепремиерите е една одлука на Уставниот суд, кој всушност го укина членот 14 од постоечкиот закон.
Според годипната класификација на Форбс објавена во вторникот, богатството на 55 годишниот Безос пораснало за 19 милијарди долари во последните година дена и достигнало 131 милијарди долари.
Вакцината против сипаници не предизвикува аутизамДански истражувачи докажале дека вакцината против осип не го зголемува ризикот од аутизам кај децата, ниту го предизвикува, а големата студија e направена на 650 000 деца.
Истражувачите користеле попис на наслението за да проценат дали од вакцината се зголемува ризикот од аутизам кај децата родени во Данска помеѓу 1999 и 2010 година, се наведува во магазинот “Anals of internal medisin”.
