УТРИНСКИ ФОКУС: Нови распити за „Рекет“ - што ќе решат Владата и „Макпетрол“ за ГА-МА
Вести во фокусот на Фактор ова утро
*
Има волја за решение за ГА-МА, но преговорите ќе пресудатДобар обид и вистински потег да се реши деценискиот спор меѓу Владата и „Макпетрол“ за ГА-МА – познавачите вака ја оценуваат најавата дека почнуваат преговори меѓу двете страни за сопствеништвото на националниот систем за пренос на природен гас. Владата веќе објави дека резервирала пари да ги купи акциите на „Макпетрол“ во ГА-МА, акционерско друштво, кое е сопственик на инфраструктурата за пренос на природен гас во земјава.
*Продолжуваат распитите за „Рекет“ - на потег е Кирацовски да даде исказ.
СИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД СЈО ДА ОДАТ ВО ОЈО: Ќе пресуди ЈовескиОва следи откако Катица Јанева која се најде во притвор како трета осомничена со писмо од затворот им „наредила“ на обвинителите од СЈО да ги предадат предметите.
*КХВ се сомнева дека ТЕ-ТО лажирал финансиски извештаиКомисијата за хартии од вредност (КХВ) ги проверувала документите во гасната централа ТЕ-ТО и утврдила дека има основи за сомнеж дека сметководителот и независните ревизори постапиле незаконски кога ги објавиле извештаите за работењето на друштвото. Фактор дознава дека контролата е завршена, но поради тоа што Комисијата нема други надлежности за случајот, ги известила другите органи за понатамошно постапување. Откриените сомневања на КХВ впрочем ги потврдуваат тврдењата и на акционери на доверителот во ТЕ-ТО, Топлификација, кои тврдеа дека ТЕ-ТО ги лажирал финансиските извештаи, во време пред отворањето на стечајната постапка на друштвото. Ова беа и клучните нивни аргументи дека ТЕ-ТО впрочем ги оштети кога го заврши процесот. За овој случај веќе има и истрага која ја потегна Управата за финансиска полиција која поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал за неколкумина менаџери, нотарката и стечајниот во случајот поврзан со гасната централа ТЕ-ТО. Пријавите се за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал.
*Пендаровски откри што може да ја влоши безбедносната состојба во државатаИако безбедносната состојба во државата е стабилна, тоа би можело да се промени во следните два месеци.
