УТРИНСКИ ФОКУС: Милионски приходи книжат компании на истокот
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
Шест фирми во Источна Македонија прават милиони-Кои се тие?
Две рударски странски компании, една компанија за продажба и транспорт на нафтени деривати, ланец супермаркети, една фабрика за акумулатори и странска гринфилд инвестиција снабдувач на авомобилската индустрија се најголемите шест фирми во Источна Македонија – единствените кои можат да се пофалат дека лани направиле приход што е поголем од 50 милиони евра
*НОВИ ПРАВИЛА ОД 1 МАРТ: За Македонците ќе биде полесно или потешко да се замине во Германија?Германија со новиот закон на почетокот на следната година треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од Европската унија, објави канцеларката Ангела Меркел.
Но, во Македонија мислењата се поделени. Некои сметаат дека идната година за Македонците ќе биде полесно да заминат на работа во Германија, а други дека ќе биде потешко.
*
За прочистувачи на воздух за домаќинствата царина од 15 отсто - фирмите револтираниКомпании кои увезуваат прочистувачи на воздух реагираат дека Царинската управа ги оптоварува со царинска тарифа од 15 отсто.
*ВРИЈАТ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - средношколци и родители се организираат за бојкот на наставата поради загадувањето
Средношколци од повеќе средни училишта преку социјалнте мрежи се организираат во петок да ја бојкотираат наставата во сите средни училишта, како форма на револт против екстремно високото загадување во земјава.
