Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку пари вртат фирмите што „газат“ во Куманово

УТРИНСКИ ФОКУС: Колку пари вртат фирмите што „газат“ во Куманово

Вести во фокусот на Фактор ова утро ..

Кои фирми „газат“ во Куманово?

 Во најголемите десет кумановски компании се уште пет трговски фирми и по еден производител на млечни и еден производител на месни производи. Кои се најголемите кумановски газди?

*

МОЖЕ ДА ИМАМЕ И ДИЈАМАНТИ: Концесиите за минерални суровини меѓу интересите и желбите

Во Македонија долго време немаше Геолошки завод, нема карти, ниту бази на податоци па затоа државата не ни знае со какви  резерви на минерални суровини располага. Државата нема увид во состојбата, во експлоатираните количини, ниту пак има Стратегија за рационално и одржливо искористување на минералните суровини.

*

АДСДП ќе му ја продаде на Владата својата зграда за 8,3 милиони евра

Владата за 8,3 милиони евра реши да ја купи зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели и истата ќе ја даде на користење на некоја друга институција.

*

Повеќе од 6.000 стечајци аплицирале за добивање на месечен надоместок до пензионирање

Досега над 6.000 стечајни работници аплицирале за добивање на месечен паричен надоместок до пензионирање.

*

ПАРИЧНИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ МАЛКУ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ - но шест пати сме посиромашни од Европејците


Паричникот на Македонците малку се здебелил, но се уште е тенок и во однос на повеќе земји во регионот, а далеку послаб во споредба со европските држави.

Слично

Поврзани вести