УТРИНСКИ ФОКУС: Колку акции си купи Чифлиганец во „Комерцијална банка“ и колку ги плати
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
Чифлиганец плати 1,4 милиони евра за акции во „Комерцијална банка“
Тој во петок вложи 1,4 милиони евра во 15.191 акција и сега поседува 10,76 отсто од гласачките права. „Адора“ која и досега е најголем поединечен акционер во оваа банка со новостекнатите акции ќе поседува 10,76 отсто од управувачките права врз банката а сите детали читајте ги во денешната анализа на ФАКТОР , ТУКА.
*
ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ЌЕ ЧЕКА ПОДОБРИ ВРЕМИЊА - што ја натера власта да се премислиНајавен како една од главните мерки во програмата на левичарската СДСМ пред изборите во 2016 година, прогресивниот, или како што Владата милуваше да го нарече, праведен данок, доживеа „рикверц“ по нецела една година од воведувањето.
*СУБВЕНЦИИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ ПРОМЕТ: Ќе има ли бенефит на краток или долг рок?Измените на правилниците за субвенции во туристички промет или нивно дополнување се само мала корекција која нема да даде бенефит ниту на краток, а уште помалку на долг рок, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам на Македонија.
*ТЕ-ТО повторно во Обвинителство за организиран криминал: Какви информации стасале од странство?Случајот со гасната централа ТЕ-ТО повторно е вратен во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Информациите на Фактор ги потврдија и од Обвинителството од каде не потврдија кога треба да се очекува обвинение за овој предмет.
