УТРИНСКИ ФОКУС: Колкава добивка прокнижи Прокредит банка, натегања за СЈО
Топ наслови во овој петочен утрински фокус на Фактор се Прокредит банка, пензискиот скандал, консензуот околу СЈО кој не го постигнаа сеуште владечакта партија и опозицијата...
* Прокредит банка лани затвори финансиска година со добивка од речиси 3 милиони евра, а тоа е послаб резултат од 2017 година за 1,8 милиони евра. Нето приходите од камати се пониски за 1,6 милиони евра од 2017 година и лани биле на ниво од 9,93 милиони евра. Во структурата на каматите се гледа пад на вкупните приходи од камати и раст на расходите за камати и тоа за 10 отсто во однос на 2017 година. Лани тие биле на ниво од 4,3 милиони евра... Детали читајте тука.
* Колку компании од ФИТР ќе добијат средства во износ од 30 илјади евра?
Осум од вкупно 34 компании од Фондот за иновации и технолошки развој ќе добијат по 30 илјади евра финансиски средства додека сумата за останатите варира од 24 па над 29 000 евра.
*Државата ќе исплати дополнителни пет милиони евра надоместок за 12.000 осигуреници кои не биле навремено распределени во еден од приватните пензиски друштва. Случајот кој го оболедени министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, а за кој има и истрага во Обвинителството откри дека на толку осигуреници кои од различни причини не биле навреме распределени Фондот за пензиско осигурување, ПИОМ не им ги уплаќал придонесите на индивидуалните сметки во приватниот пензиски столб...повеќе инфо за пензискиот скандал читајте тука.*Нема договор за СЈО - Нема договор за специјалното јавно обвинителство а консултациите меѓу двете најголеми партии во државата продолжуваат.
На работните групи им беше доволен само еден час, за да утврдат дека разликите остануваат и дека се потребни дополнителни консултации во врска со статусот на СЈО и начинот на кој тоа ќе ја врши својата улога.
