Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Колкава добивка прокнижи „Охридска банка“ за девет месеци

УТРИНСКИ ФОКУС: Колкава добивка прокнижи „Охридска банка“ за девет месеци

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

*

„Охридска банка“ со добивка од 6,3 милиони евра до крај на септември

Петтата најголема банка во првите девет месеци годинава книжи добивка од 6,27 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на „Охридска банка Сосиете Женерал“ која наскоро ќе биде аквизирана од „Шпаркасе банка“. 

*

Роберт Бачовски Синколи: Мора да се казнат сите што го прекршиле законот за да владее правото

Постои ли правда во Македонија  и дали поради владеење на правото и недоволниот степен на реформи во правосудството не добивме зелено светло за да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ и покрај огромните жртви во меѓународната политика. Дали може да се применат решенија на експертите во реформите за тие да не бидат само израз на политичката волја на партиите како краткорочни, а не долгорочни решенија.

Затоа разговараме со Роберт Бачовски Синколи, еден од основачите и претседател на Институтот за владеење на правото. 

*

Министерство за транспорт не ги плаќало целосно субвенциите за железнички превоз на патници

И со промената на власта, Министерството за транспорт и врски, предводено од министерот Горан Сугаревски, не ги исплаќало целосо субвенциите за превоз на патници во железничкиот сообраќај, тврди државниот ревизорски извештај.

*

Почеток на ново геополитичко и трговско рекомпонирање на светот?

Јасно е дека до овој момент најголемиот сет на ресурси на тема blockchain ги опфаќаат истражувањата на централната банка за технологијата на дистрибуирани записи - DLT. Имено, Банката на Англија, Банката на Канада и Монетарната власт на Сингапур нудат извештаи од повеќе нивни спроведени технолошки пилот студии со DLT. 

Слично

Поврзани вести