УТРИНСКИ ФОКУС: Која е најпрофитабилната компанија во Овчеполието
Вести во фоксуот на Фактор ова утро..
Кој ја држи економијата во Овче Поле?
Најголема компанија во Свети Николе и бренд на Овчеполието останува месната индустрија МИК Свети Николе. Оваа компанија, која во поранешниот систем беше пред се дел од наменската индустрија – поточно произведуваше конзервирани месни преработки за тогашната сојузна армија ЈНА. Компанијата успешно се приватизира, преструктуира и го најде своето место пред се на домашниот пазар на кој освен широката палета месни преработки продава и свежо свинско месо. МИК Свети Николе лани имал приходи во вредност од 13,7 милиони евра, а остварил добивка од 56.000 евра.
*Владата дава пасош и за влог од 200.000 евраВладата со измена на уредба им овозможи на странските инвеститори во Македонија да се стекнат со македонски пасош и со влог од 200.000 евра со цел да се привлече поголем број на инвестиции во земјата и да му се даде дополнителен стимул на економскиот развој.
*Колку пари заработија најголемите банки во државата?Домашните банки годинава за девет месеци заработиле 94 милиони евра – сепак дури 91,7 милиони евра се пари кои како добивка ги прокнижиле големите банки во државата. Иако станува збор за високи профити, банкарските заработки од јануари до септември се пониски од тие лани кога беше постигнат своевиден рекорд во профитите. Имено лани за девет месеци банкарите си заработија добивки вредни дури 124 милиони евра, што беше за 20 милиони евра поголема добивка од истиот период во 2017 година.
*ТИЕ СЕ МНОГУ МНОГУ ПОБОГАТИ ОД СИТЕ НАС - кои се 900 Македонци со годишни приходи над 80 илјади евраКои се 900 најбогати Македонци, чии годишни приходи изнесуваат најмалку 81 илјади евра, а често и многу повеќе.
Или, кои се луѓето, кај кои ако се извади нивниот просек, годишно заработуваат над 227 илјади евра.
