Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Која банка влезе во големата четворка? Ќе ја спуштат ли топката Заев и Ахмети? Бафет е „опасен“ пророк

УТРИНСКИ ФОКУС: Која банка влезе во големата четворка? Ќе ја спуштат ли топката Заев и Ахмети? Бафет е „опасен“ пророк

„Халк банка“ влезе во големата банкарска четворка и веројатно наскоро ќе биде сериозен конкурент на трите најголеми банки во земјава. Тоа го покажуваат финансиските резултати на сите деловни банки за 2018 година кои се достапни на веб страницата на македонската централна банка.

„Халк банка“ лани имаше најголем раст на бруто кредитите и ги остави зад себе гигантите „Стопанска банка Скопје“, НЛБ Банка и „Комерцијална банка“. Дали ќе им ги помати сметките на најголемите три големи деловни банки? - ЧИТАЈТЕ ДЕТАЛИ ТУКА.

*Дали Заев и Ахмети ќе се смират - Или заеднички на претседателски или распад на коалиција ?

СДСМ доцна вечерта одржа партиски состанок на кој ја разгледуваше опцијата за консензуален кандидат кој би бил поддржан од поширока коалиција вклучувајќи ја и ДУИ, но и за најновите настани во Собранието откако Талат Џафери ја прекине седницата за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.

Спуштање на топката направи и лидерот на ДУИ Ахмети кој пак, уверува дека нема раздор во владината коалиција. Политичките аналитичари и активисти вината за "спасот" на Вељаноски ја префрлија во рацете на интегративците и сметаат дека се "распламнтила" старата политичка романса меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

*Државата ќе продава стари горива

Дирекцијата за задолжителни нафтени резерви за 2019-та и предлага на државата да се ослободи од дел од старите вишоци на гориво, бидејќи нема место каде да го складира а оваа година ќе купува само дизел во количина од 23 милиони литри.

Пророк од Омаха предупредува: Не чека мегакатастрофа - последиците ќе бидат ужасни

Ворен Бафет, третиот најбогат човек во светот, предупредува на неминовност од “големиот удар“, односно катастрофа во однос на која ураганите Катрина и Мајкл ќе влијаат како „џуџиња“.

-Голема катастрофа, која ќе ги надмине ураганите Катрина и Мајкл, ќе се случи - можеби утре, можеби за неколку децении-напишал Бафет во годишното писмо до акционерите на компанијата „Беркшир Хатавеј“.


Слично

Поврзани вести