Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Која банка ќе издаде корпоративна обврзница на јавна понуда-Меркел си го кажа своето за Западен Балкан

УТРИНСКИ ФОКУС: Која банка ќе издаде корпоративна обврзница на јавна понуда-Меркел си го кажа своето за Западен Балкан

Која банка заем бара?

Акционерите на ТТК Банка утре ќе одлучат дали банката ќе издаде корпоративна обврзница на јавна понуда. Ова е предлогот за кој доколку даде зелено светло „Тетекс“ многу е веројатно дека во брза иднина нов финансиски инструмент ќе ја збогати понудата на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Западен Балкан клучна политика на ЕУ: Што вели Меркел за судбината на Македонија и Албанија

Цврсто стоиме на европската перспектива за Западен Балкан и ги поддржуваме земјите на тој регион во нивните реформски напори. Ова е соопштено од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел .

Тендерот „на Рашковски“ со повисока цена од еден милион евра

Тендерот за радарскиот систем за контрола на летање кој го добил „Леонардо“, за кој генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, најави прес-конференција напладне, чинел еден милион евра поскапо од поевтината понуда според деталите од евалуацијата која се одвивала во текот на минатото лето.

ПОВИК ЗА АКЦИЈА: Можеме ли да придонесеме ако семките од овошјето ги фрлиме во природа?

На социјалните мрежи деновиве се појави повик со кој се бара граѓаните летово да не ги фрлаат во смет семките од овошјето кое ќе го конзумираат, туку истите да ги исушат и да ги фрлат на оголени површини, со што ќе придонесат за поубава и поздрава средина во Македонија.

Лимити на трошењата на институциите: За сите помалку, за Владата и за одбрана повеќе пари

Сите државни институции меѓу кои и самата Влада, министерствата, комисиите, фондовите од следната година имаат лимити на сумите кои можат да ги трошат. Вкупните расходи на секоја инстутуција поединечно над кои самата не може да оди, се дел од Фискалната стратегија која се однесува на годините од 2020 до 2022 година. 

Слично

Поврзани вести