Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Кој си игра со пазарџиите, Заев во Давос, Ципрас и неговата вистина

УТРИНСКИ ФОКУС: Кој си игра со пазарџиите, Заев во Давос, Ципрас и неговата вистина

Кој си поигрува со судбината на пазарџиите? Ќе се најде ли решение на горливото прашање кое ја мачи оваа категорија граѓани ? Според најавите во дел од медиумите тоа би можело да се случи до среда.

Новиот закон ги вжешти дебатите и во јавноста и во секторот, а ветувањата на пратениците се дека ќе направат измени околу закупувањата на тезгите. Колку ќе истраат во ветувањата ќе видиме наскоро.

Премиерот Зоран Заев заедно со Анѓуешв и Бектеши денес ќе патува во Давос , местото каде се роди Преспанскиот договор . Таму ќе биде дел од форумот на кој ќе се сретне со челниците на НАТО и ЕУ , но средби ќе има и со други високи учесници.

На Светскиот економски форум во Давос, кој почнува денеска, ќе присуствува и македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Крешник Бектеши.

Грчкиот премиер во чии раце е жешкиот костен откако Македонија го истера својат дел од Преспанскиот договор со видео порака до јавноста ги соопшти фактите за тој договор со Македонија .

Алексис Ципрас ги убедува Грците дека со договорот на кој потпис му ставија Димитров и Коѕијас се надминува стравот и инцерцијата за самодоверба и се отвора патот на мир и привремен раст.

Воздухот кој не труе и денеска не престанува да биде загаден. Мерните станици и утринава превртуваат а загадувањето ги наполни болниците.

Потресната приказна на Скопје: Смогот што ми ја задушува иднината!

Слично

Поврзани вести