Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Кој сака да го укине „Ел Дорадо“ за малите хидро-електрани?

УТРИНСКИ ФОКУС: Кој сака да го укине „Ел Дорадо“ за малите хидро-електрани?

Ќе им секне ли „медовината“ на малите хидроцентрали?

Две невладини организации доставиле жалба до Енергетската заедница со седиште во Виена во која бараат да се ограници бројот на мали приватни хидроцентрали во нашата земја кои добиваат цена за произведен мегаватчас од 120 евра (за споредба пазарната просечна цена за мегаватчас купен на берза е околу 50 евра). Двете невладини организации се „Еко свест“ и „ЦЕЕ Банквоч нетворк„ (CEE Bankwatch Network) и двете имаат предзнак на организации кои во својот фокус ја имаат екологијата и заштитата на животната средина.

По „илјадарка“ годишно за чување на нашите придонеси за пензија

Двата приватни задолжителни фондови „Сава осигурување“ и „КБ Прв отворен пензиски фонд“ во 2018 имале годишен приход од 963, односно 979 денари по член кој уплаќа придонеси во вториот и третиот столб како иден пензионер, објави Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.


УЈП ја плати „Мој ДДВ“ над 75.000 евра, профилот остана туѓ

. Зошто и покрај тоа што ја финансира, државата не успеа барем да си ја регистрира на свое име? Познавачите велат дека апликацијата морало да биде под официјален профил на УЈП, па за нив тоа што на првиот ден, Мој ДДВ гласеше на име на извесен Кирил Соколов е крајно непрофесионално.

Се отвора Контролниот центар за патарини: Почнува електронската наплата

Иако првично најавите беа дека електронската наплата ќе почне од мај, со задоцнување веројатно најмодерниот контролен центар за безбедност и контрола на патиштата во регионот кој го добива Македонија ќе биде отворен денеска.

Лидери сме по младинска невработеност – колку е тешко да се најде работа?

Нашата земја е прва на листата со земји во Европа каде млади луѓе на возраст од 20 до 34 години се невработени, а не се ни дел од некој образовен процес или обука. Ова се податоците на Евростат за 2018 година. Во Македонија оваа категорија опфаќа дури 36,3 отсто, што е повеќе од двојно од просекот на Европската Унија (16,5%). 


Слично

Поврзани вести