Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе точиме поскапи горива, а кој заболекар лани заработи 293.000 евра

УТРИНСКИ ФОКУС: Ќе точиме поскапи горива, а кој заболекар лани заработи 293.000 евра

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

Од ноќеска на полноќ поскапеа горивата. РКЕ донесе одлука нафтените деривати, односно и бензините и дизелот наредните денови да се точат по поскапи цени за половина денар и денар.

Колку ќе изнесува цената читајте тука.

*

Кои заболекари направија профити поголеми од 100.000 евра

Блескавата насмевка секогаш е моќен адут во интерперсоналните односи. Блескаво убавите заби не се само ген, зашто се малкумина тие што имаат бисерна низа во устата. Забите се најчесто статусен симбол во општеството. За да обезбедат насмевки од илајдници евра тука се вештите раце на стоматолозите.

Кои се најплатените стоматолози во Македнија? „Фактор“ истражи за вас, почитувани читатели...

*

Живее во една од десетте најчисти метрополи, и вели дека Скопје е како „длабока дупка“

Ванеса Алава која живее во Мадрид, вели дека иако шпанската престолнина е во топ 10 најчисти градови во светот, граѓаните сепак не се задоволни од квалитетот на воздухот.

Таа осум пати ја посетила Македонија, по професија е туристички водич,  и вели дека Скопје личи  на „длабока дупка“. Додава дека во главниот град на Македонија загадувањето е алармантно и тоа го забележала при посетата во јануари.

* 

Поминаа четири работни дена откако Загребската берза купи 5,3 отсто од Македонската берза, но да беа и десет пати по толку секако јавноста ќе дознае кој ги продал акциите дури следната година кога ќе станат јавни финансиските извештаи за работењето на берзата за годинава или за половина година од сега. -  Кој ги продал акциите од Македонска берза ќе дознаеме догодина: Еве кои се потенцијалните продавачи

*

Владата се уште вади преплатени книги од магацинот на МОН од проектот „1050 стручни и научни наслови“

И натаму со владини одлуки се вадат стотици книги од магацинот на Министерството за образование и наука од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови“ кои се испечатија во 2008 и 2009 за околу 20 милиони евра и се уште некои не се ниту еднаш употребени, иако чинат и повеќе од 200 евра по парче.

*

Погрешен ли напад остри Заев кон забревтаниот Мицкоски?

Ова е прв пат да имаме екстензивна и непрекината политичка кампања кои далеку ги надминува предвидените денови за политичко рекламирање пред изборите. Ова го наметна владејачката партија која како да сака да им остави на гласачите порака дека силно ќе ја води политичката битка пред да се фрлиме сите на празнична еуфорија, руски салати, бадникови огни и греана ракија и вино.

Слично

Поврзани вести