УТРИНСКИ ФОКУС: Како главниот извршен директор на Македонската берза Штериев го крши законот за хартии од вредност
Вести во фокусот на Фактор ова утро...
*
Штериев и Берзата го кршат законот за хартии од вредностИван Штериев, главниот извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност си дозволува тогаш кога тој ќе оцени да го пробие рокот за објава на податоци. За ваквото тврдење можат да се обезбедат докази, со оглед на фактот што тие се јавно достапни во архивата на берзата.
*
Камчев: Влезот на моќниот финансиски бренд Генерали ќе го раздвижи пазарот на капиталСо интеграцијата на знаењето од центрите на Генерали Инвестментс во регионот, ќе бидеме во состојба на нашите клиенти да им ги понудиме најдобрите финансиски продукти и услуги. Ќе имаме подобро разбирање за пазарот кое ќе донесе подобри резултати и управување со ризиците, вели во разговор за Фактор, Лазе Камчев директор на Генерали Инвестмент во Македонија.
*
ЖИВОТ СО 14.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО - колкумина ќе се офајдат од новата минимална платаНормално е платите на работниците да се зголемуваат, бидејќи постојано растат трошоците на живот и минималната кошничка, но тоа треба да биде природен процес кој нема да биде наметнат преку ноќ, туку на бизнисот ќе му се остави време за адаптација.
*Дуковска: Сиромашните не се само статистикаНа светскиот ден за искоренување на сиромаштијата ги анализираме новите социјални реформи како воведувањето на минималната гарантирана помош, новата политика за детски додаток и социјалните дијалог, односно колку државата напредува во извлекување на граѓаните од сиромаштијата. Во Македонија 22% од населението е сиромашно и се соочува со бројни финансиски и социјални предизвици. Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија вели дека е потребно време за да се види ефектот од новите мерки.
*
Гајиќ: Европската унија брутално го понижува Скопје и испраќа порака до балканските земји!Одлуката на министрите на ЕУ да не се даде датум за почеток на преговорите за Северна Македонија, и покрај тоа што го смени своето име, колку го руши кредибилитетот на Брисел, кој не успеа да ги исполни своите ветувања дадени на Скопје, дополнително го поткопува кредибилитетот на владата на Зоран Заев, која жртвуваше дел од националниот суверенитет за ништо.
