УТРИНСКИ ФОКУС: Како фамилија Кутревски држи лекции?
Кој е македонскиот крал на сувомесни производи?
*Скопската индустрија специјализирана за месни преработки „Пекабеско“ е убедливо најголемата домашна месна индустрија, покажуваат официјалните податоци кои се јавно достапни. „Пекабеско“ лани остварил приходи од 78 милиони евра и тие во споредба со 2017 година пораснале за 9 отсто. Нето профитот на „Пекабеско“ лани е речиси 2 милиони евра.
*Купуваме најмногу грчки дизел, колку не чини увозот?
Цените на дериватите од денеска на полноќ сами ги формираат нафтените дистрибутери, но колку точно бензин годишно точиме на нашите бензински и колку сме го платиле? Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика покажува дека Македонија лани во текот на целата година, увезла 987.662 тони нафтени деривати, што е за 0,68 проценти повеќе во однос на увезените количини на нафтени деривати во 2017 година (980.956 тони). Во исто време потрошувачката се намалила. А секако најмногу пари сме потрошиле на дизел гориво.
*Додека ние масовно се иселуваме, кој се доселува во Македонија?
Секоја година во земјава се доселуваат по неколку илјади луѓе, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Дел од нив се македонски државјани кои се враќаат во матичната земја, дел се странци со привремен престој и странци со продолжен престој. Се доселуваат луѓе од регионот, но и од други држави.
Од 2013 заклучно со 2017 година, најголем прилив на доселеници имало во 2015 година и тоа над 5.000. Бројките покажуваат дека во 2013 година се доселиле 3.991 луѓе, во 2014 се доселени 4.208, следната 2015 година имало 5.358 доселени, во 2016 се 4.743, а во 2017 година нивниот број изнесувал 4.386.
*Просечната годишна сметка за парно поевтинила за 10.000 денари
Просечната годишна сметка што ја испорачувал БЕГ АД Скопје за еден стан во 2018-та била 19,6 илјади денари, објави Регулаторната комисија за енергетика. Фактурата за парно-греење во однос на една година претходно во просек е помала за 3,1 отсто, а споредено со 2016 е поевтина за 5,76 проценти, според моделот на пресметување на РКЕ. Иако во однос на претходните години не е многу помала, сумата е за една третина поевтина кога ќе се погледне и таа 2012-та, кога била 30.000 денари на годишно ниво, по што започнува нејзиното намалување во контннуитет.
