Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Германија ги „примами“ Македонците, а СДСМ со ветување за просечна плата од 600 евра

УТРИНСКИ ФОКУС: Германија ги „примами“ Македонците, а СДСМ со ветување за просечна плата од 600 евра

Просечна плата од 600 евра ќе биде реалност до крајот на нашиот нов мандат-вели во интервјуто за Фактор  Кирил Колемишевски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ и заменик министер за економија.

Оваа вест е во фокусот на Фактор ова утро , а целото интервју може да го прочитате тука.

Од друга страна, Германија почна со примена на новиот Закон за доселување со кој полесно на работа во таа земја ќе може да дојдат Балканците. Отворени се портите за квалификуваните работниците од Западен Балкан, а деталите може да ги најдете овде.

*

„Комерцијална банка“ ќе дели рекордна дивиденда! Колкава ќе биде?

Најголемата домашно поседувана банка „Комерцијална банка“ ја објави предлог одлуката за поделба на дивиденда. Детално сите информации дознајте ги овде.

*

Рекет, неизвесност, политика: Странските инвестиции преполовени

Судски процеси, рекет, политичка нестабилност во време кога земјата се приближува кон Европската Унија и станува членка на НАТО. Во вакви околности помина 2019 година која инаку требаше да биде најекономска година.

*

Туристичка агенција од ДИК заработи 450.000 евра за гласање на само 1.782 иселеници

Вкупно 457.000 евра заработила туристичката агенција која ги пренесувала авионски организаторите на ланските претседателски избори во дијаспората, на кои за гласање се пријавија само 1.782 гласачи. Дополнително, од нив, во вториот круг за Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова гласале само 814 иселеници.


Слично

Поврзани вести