УТРИНСКИ ФОКУС: Долгот кон УЈП се трупа а каков буџет ќе скрои власта за 2020
Вести во фокусот на Фактор ова утро ...
*
Никако да се намали долгот на должниците кон Упаравата за јавни приходи. На најновата листа повторно звучни и познати имиња на фирми, бизнисмени и јавни претпријатија. ТЕ-ТО е прв на листата, закотвен со 17,2 милиони евра долг кон државата кој нема да го плаќа. А кои се другите должници?
*
До крајот на неделава власта ќе го стокми буџетот. А во меѓувреме во медиумскиот простор пробиваат информации. Повикувајќи се на неофицијални информации дел од медиумите објавија дека на владината седница во вторникот бил разгледуван предлог Буџетот за следната година да изнесува 4,46 милијарди евра.
Анализата на Фактор прочитајте ја овде.
*
„Македонски телеком“ како евергрин, профитот е 23,3 милиони евра„Македонски телеком“ во првите девет месеци годинава го одржува своето пазарно учество и е најголем учесник на пазарот на телекомуникациски услуги, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех заклучно со крајот на септември годинава.
*
Продажбата на „Витаминка“ порасна 10 отсто и достигна 28 милиони евраНајголемата доминантно домашно поседувана прехранбена компанија „Витаминка“ има одлични резулати при освојувањето на пазарот во земјава и во странство во првите девет месеци годинава.
*
Запленетиот крап и сом се испраќа во македонските затвориСпоред евиденцијата што ја доби „Фактор“ за заплените во 2019, од она што е отстапено, во очи паѓа тоа дека 23 килограми крап е испратен во Идризово, додека 23 килограми сом во Гевгелија. Не е познато дали рибата била наменета за затворската управа и вработените, или и за затворениците.
