Утрешната посета на Ахмети во Атина ги раздрма односите на ДУИ и МНР
Во текот на утрешниот ден лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети е планирано да оди во посета на Атина.
Oваа најава и посета предизвика кавга и препукување помеѓу Министерството за надворешни работи и ДУИ .
Заедно со Ахмети, на средба со шефот на грчката дипломатија е предвидено да одат и вицепремиерот за Рамковен договор, Муса Џафери, и вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.
Од МНР реагираат и велат дека Ахмети, Бесими и Џафери не одат во соседна Грција во својство на владини претставници.
Оттаму посочуваат дека станува збор за партиска средба и оти владиниот коалициски партнер не се координирал со нив во врска со темите за разговорите.
Грчки медиуми пак коментираат дека посетата на Ахмети е по негова иницијатива во рамки на неговите напори да се одржат контактите со меѓународната јавност и дека за сите клучни работи кои требало да бидат кажани во врска со спорот со името биле разговарани со министерот Никола Попоски.
За разлика од нив пак , од партијата н Ахмети велат дека тема на разговори на утрешната средба со грчкиот министер за надврешни работи ќе бидат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија.
