Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре задолжување кај домашни кредитори, а задутре раздолжување

Утре задолжување кај домашни кредитори, а задутре раздолжување

Владата утре треба да се задолжи со повеќе од 16,1 милиони евра, од домашните кредитори преку аукција на државни хартии од вредност.

Половина од сумата што утре ќе ја позајми ќе се враќа 15 години, а останатиот дел доспева за две години и за помалку од една година.

Задутре по основ на доспеани долгови владата ќе треба да врати идентична сума од 16,1 милион евра.

Вкупната сума на стари долгови што доспеваат во месец јануари изнесува 38,54 милиони евра.

Министерството за финансии планира во наредните шест месеци да организира 18 аукции на државни хартии од вредност, а планира да издаде и нова еврообврзница.

Заклучно со третиот квартал јавниот долг на земјата изнесуваше скоро 4,7 милијарди евра или 50,6% од  БДП, што е рекордно измерено ниво на јавен долг.


Слично

Поврзани вести