Утре врнежи и снег на локално ниво – Еве каде!
Неизбежно врнежливо време ќе ни донесе и последниот ден од оваа работна недела.
Во однос на денеска, утре ќе имаме постудено време.
Нов циклон ќе донесе врнежи, значаен пад на температурите која ќе се движи од 7°С ширум котлините додека во југоисточниот регион ќе стигне до 11°С.
Оваа состојба може да резултира и со врнежи од дожд мешан со снег на некои повисоки населени места низ земјава, особено во западниот предел.
Доколку патувате низ некои од планинските превои низ земјава, особено во западниот крај, имајте ја во предвид најавата за снежни врнежи.
Слично
