Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ: Во средното училиште „Илинден“ ќе се одржи Петтата форумска сесија од Програмата „Форуми во заедницата“

УТРЕ: Во средното училиште „Илинден“ ќе се одржи Петтата форумска сесија од Програмата „Форуми во заедницата“

Утре со почеток во 17.00 часот во средното општинско стручно училиште „Илинден“ ќе се одржи Петтата форумска сесија од Програмата „Форуми во заедницата“ - Буџетски форум во Општина Илинден.

На дневен ред на Петтата форумска сесија ќе биде ставено гласањето за приоритетна програма од Буџетот на Општина Илинден за 2015 година. На оваа форумска сесија треба да се направи приоритет на предселектираните проекти кои што треба да влезат во Буџетот, што произлегуваат од програмите во Буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден преку спроведување на Буџетски форум со партиципативно учество на граѓаните, транспарентно го изготвува буџетот на Општината за 2015 година, во рамките на програмата „Форуми во заедницата“ што се реализира во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој и ЗЕЛС.

Слично

Поврзани вести