Утре во Косово ќе биде Ден на жалост за загинатите во Хрватска
Понеделник ќе биде Ден на жалост во Косово.
Претседателката на Косово Вјоса Османи го прогласи утрешниот ден за ден на жалост во државата, во знак на почит за граѓаните на Република Косово кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово во Хрватска, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението од претседателскиот кабинет се наведува дека по несреќата, во која животот го загубија десетмина косовски печалбари во Германија, Османи ќе ја прекине посетата на Јапонија, каде што престојува по повод Олимписките игри, и утре ќе се врати во земјата.
Автобуска несреќа во Хрватска беше фатална за 10 патници, а 44-ца побарале лекарска помош.Приведен e возачот на автобусот oд Косово кој се преврте кај Славонски Брод во Хрватска, бидејќи признал дека задремал на воланот.
Слично
