Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре „Шарената револуција“ на протест пред СЈО, задутре ќе блокираат мостови

Утре „Шарената револуција“ на протест пред СЈО, задутре ќе блокираат мостови

Од „Шарената револуција“ за утре најавија протест пред СЈО во 18 часот, а задутре ќе блокираат мостови.

Во четврток во 12 часот во Скопје ќе бидат блокирани мостовите Гоце Делчев,  Слобода и Мајка Тереза.

Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата, велат од „Шарената револуција“.

„Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине? Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични“ - велат тие.

По најновата вест за оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески, потсетуваат дека не побарале оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори.

„Шарената револуција“ протести денеска ќе има во Струмица, Штип и Прилеп, а утре во Гевгелија, Кочани, Тетово, Радовиш, Струга, Кичево и Кавадарци.

Слично

Поврзани вести