Утре се отвараат банките на Кипар!
Повикувајќи се на извори од централната банка на Кипар, сите банки во земјата, со исклучок на кипарската Народна банка (Лаики) и Банката на Кипар, утре ќе бидат отворени, пренесе БТА.
Со одлука на властите , од 16-ти месецов банкарскиот систем на запре со работа бидејќи постоеше основан страв од масовно повлекување пари. Изворите, повикувајќи се на одговорен претставник на банката, истакнаа дека Народната банка и Банката на Кипар ќе ги отворат вратите на 28 март.
Претходно решението за привремено затварање на банките беше донесено по склучувањето на 16 март на првиот договор за спасувачкиот план меѓу Кипар и меѓународните кредитори, што предвидуваше воведување данок врз банкарските депозити, вклучувајќи ги оние под 100 илјади евра.
