Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре се гаси сервисот за онлајн-обложување во Македонија, обложувалниците бараат од Владата да го продолжи рокот на уредбата

Утре се гаси сервисот за онлајн-обложување во Македонија, обложувалниците бараат од Владата да го продолжи рокот на уредбата

Утре истекува рокот на уредбата со која што на приредувачите на игри на среќа шест месеци имаа дадена можност од Владата да организираат онлајн-обложување во текот на корона-кризата. Обложувалниците велат дека утре се гасат сервисите, а државата ризикува да изгуби стотици милиони денари.

- Клиентите веќе стекнаа навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите и кај странски сајтови ќе се губат до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси, што сега би биле залудно вложени средства, рече денеска Васко Илијевски, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Тој ја повика Владата да наје правно решение за да се продолжи законски рокот.  Заради тоа до Владата и до Министерството за финансии испратено е предлог-решение за имплементација во законот, за кое приредувачите на игри на среќа бараат итно да се донесе.

- Во ова обложување има и придовивки за здравјето, а од мај годинава до декември , од ова услуга се слеале околу 100 милиони денари во буџетот, додаде Илијевски.

Само шест месеци беше уредбата за онлајн-обложувањето, играчите ги стекнаа тие навики. Тоа беше само уште еден механизам за играчите, а бевме межу првите кои беа затворени, Бевме два месеци комплетно затворени.



Слично

Поврзани вести