Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре Регулаторна ќе објави нови цени на горивата

Утре Регулаторна ќе објави нови цени на горивата

Утре Регулаторната комисија за енергетика ќе објави нови цени на дизелот и на бензините. Минатиот понеделник Регулаторна одлучи да ја зголеми цената на дизелот за 14,5 денари, а на бензините за пет. 

Имајќи го предвид движењето на цените на нафтата на светските безри и повисокиот курс на доларот во однос на денарот, се поизвесно е дека ќе бидат повисоки.

Блокадата на Ормускиот Тесец и скокот на цената на нафтата на над 100 долари за барел, ја одбележа неделата што измина. Во случај на драстично зголемување на цените, од владата најавија намалување на ДДВ-то од 18% на 10%, а потоа и на 5% доколку за тоа има потреба, следејќи го движењето на цените на берзите. 

Министерката Сања Божиновска рече дека ако глобалните притисоци продолжат, ќе се искористат сите механизми за заштита на стандардот на граѓаните. На располагање се намалување на акцизите за горивата до 4 денари, и на ДДВ-то за набавка на енергенси. 

Божиновска смета дека граѓаните не се оштетени со промената на Правилникот на Регулаторна, со кој цените се менуваат еднаш неделно во понеделник, а не како претходно-кога има промени на светските берзи. Потсети дека до сега имавме само едно поскапување.

Слично

Поврзани вести