Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре прво рочиште за ,,Пуч” – Заев нема да се појави

Утре прво рочиште за  ,,Пуч” – Заев нема да се појави
Првото судско рочиште за случајот ,,Пуч" неизвесно е дали ќе се одржи утре, бидејќи лидерот на опозицијата Зоран Заев , најверојатно ќе продолжи да го бојкотира судот. Причината за бојкотот е постигнатиот договор во Пржино, според кој треба да се избере специјален јавен обвинител, кој ќе ја расчистува аферата со прислушкувањето. На почетокот на јули, опозицискиот лидер изјави дека нема да доаѓа на рочиштата, затоа што не го признава судот и неговата партизираност. Во случајот „Пуч“,четвртообвинетиот, лидерот Зоран Заев се товари за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, односно за кривично дело сторено во обид. Главен доказ на судењето ќе бидат снимките од кабинетот на Груевски, кои јавноста ги виде, а се тајна во судската постапка.
Слично

Поврзани вести