Утре прекини во електричната енергија во неколку општини
Утре поради интервенции на ЕВН Македонија АД, без електрично напојување ќе бидат следниве неколку места:
Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Црногорска – ул.6 (општина Ѓорче Петров), корисниците од улиците Волт Дизни и Диме Мечето (општина Шуто Оризари) и корисниците од ул.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец. (општина Сарај)
Од 07.00 до 08.00 часот, дел од корисниците од село Орман и село Волково (општина Ѓорче Петров), аеродромот и терминал Стенковец, селата Долно и Горно Блаце (општина Чучер Сандево).
Во временски период од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од Стар Качанички Пат ББ, фирми: КаргоТранс и Дексион. (општина Карпош).
Исто така од 09.30 до 10.30 часот, корисниците од Трговскиот центар на улица Босна и Херцеговина. (општина Бутел).
Во време од 09.30 до 14.00 часот, ТС Синтекс, ТС Европа 92, ТС ЗИК Момин Поток (општина Карпош).
Во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Лазар Трповски и дел од улица Босна и Херцеговина (општина Бутел).
Од 11.30 до 12.30 часот, дел од корисниците од село Орман и село Волково (општина Ѓорче Петров), аеродромот и терминал Стенковец, селата Долно и Горно Блаце (општина Чучер Сандево )
Од 13.30 до 14.30 часот, корисниците од Трговскиот Центар на улица Босна и Херцеговина. (општина Бутел).
