Утре отворен ден на Македонска берза
Македонска берза АД Скопје организира ОТВОРЕН ДЕН за посета на Берзата.
За се’ што Ве интересира за Берзата, а досега не сте имале можност да го дознаете оваа институција ве поканува тоа да го направите утре на 5 октомври 2016 година (среда) со почеток во 11 часот.Отворениот ден ќе Ви даде можност:
· Да бидете гости на Македонската берза и да ги видите деловните простории во коишто се одвива нивното работење,
· Да се запознаете со начинот на нејзиното функционирање и институционалната поставеност,
· Да го проследите начинот на којшто се одвива тргувањето во живо и да бидете сведоци на склучувањето на берзанските трансакции.
Слично
