Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре ново задолжување со раздолжување

Утре ново задолжување со раздолжување

За утре е најавено ново задолжување.

Имено, Владата преку аукции на државни записи и обврзници планира да позајми од домашните банки речиси 9 милиони евра.

Истата сума веќе ден по аукцијата Владата треба да ја врати во стопанството по основ на доспеани долгови. Според објавените проспекти, најголемиот дел од оваа сума или речиси 4 милиони евра како долг ќе треба да се вратат за една година, околу 3,2 милиони евра за шест месеци, а над 1,6 милиони ќе доспеат за враќање после 15 години.Засега не е познато дали Министерството за финансии ќе се задолжи  повеќе или помалку од најавеното. На претходните две аукции на хартии од вредност (ДХВ), Владата позјами од омашните банки повеќе од планираното. Само на првите две аукции, државата се задолжи кај домашните со 43,5 милиони евра, од кои 22 милиони евра се повеќе од најавеното.

На задолжувањата на Владата, досега реагираа од опозицијата откаде  тврдат дека само со првите две аукции и задолжувања се потрошени 9 проценти од планираниот буџетски дефицит за цела 2016-та година

-Власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување продолжува безобразно да ги задолжува граѓаните со нови и нови долгови. Со само две аукции и задолжувања Ставрески реализираше 9% од планираниот дефицит за цела 2016 година.Ова ново задолжување е во пресрет на очекуваната одлука од Управниот суд по тужбата што преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов ја поднесе СДСМ, откако стариот состав на Државната изборна комисија го отрфли барањето за ставање вето на домашните задолжувања повисоки од раздолжувањата, реагираа од СДСМ.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов во неколку наврати ги предупреди домашните кредитори да внимаваат при купувањето обврзници бидејки сите задолжувања над распишаната сума ке бидат предмет на дополнително законско преиспитување.

Слично

Поврзани вести