Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре нова средба на пленумците со владините претставници

Утре нова средба на пленумците со владините претставници
Нова средба меѓу претставници на Министерството за образование, Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”  и двата пленуми ќе се одржи утре попладне. На втората средба се очекува да се допрецизираат моделите за работа на работните групи, кои ќе формираат нов закон за високо образование. Студентскиот и Професорскиот пленум бараат изработка на целосно нов концепт за Законот за високо образование, а во самото формирање на концептот,  тие бараат да бидат присутни нивни претставници.  Во наредните 30 дена тие ќе бидат дел од работната група, која ќе детектира и анализира што точно е потребно за подобрување на квалитетот на високото образование. Од Студентскиот пленум велат дека на претходната средба имало позитивна атмосфера за соработка, но немало конкретни одлуки. - ,,Ние баравме интегрално нов текст на законот за високо образование. Аргументите беа изнесени за тоа и средбата заврши со договор да имаме следна средба, потенцирам не беше ништо одлучено. Секоја од четирите преговарачки страни требаше да се исконсултира со својата база за да се дојде на следна средба со заклучоци”-  изјави Ивана Туфегџиќ, член на Студентскиот пленум. Министерот за образование Адеми, пак, изјави дека е рано да се зборува за начинот на кој ќе се решаваат отворените прашања, особено за најспорното прашања за државниот испит. Тој додека дека најважното во овој момент е тоа што веќе има конструктивен дијалог меѓу засегнатите страни. (И.К.)
Слично

Поврзани вести