Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре нов протест против загадувањето во Железара

Утре нов протест против загадувањето во Железара
Граѓаните на скопската населба Железара утре попладне во 17 часот ќе го блокираат главниот влез во фабриката „Макстил“, незадоволни од загадувањето и чадот што го испушта овој индустриски капацитет. За својот протест се организираат на социјалните мрежи, велат дека животот во Железара и околните населби е неподнослив и оти во летниот период не можат да ги отворат прозорците. „Покрај тоа што објавија дека Фабриката поточно "Макстил“ ќе прекине да работи на одредено време, деновиве е позагадено од секогаш. Можеби нè сметаат за слепи будали и ова го прават со намера. Да покажеме дека не сме до толку жалосни и да пружиме барем најмал отпор! ПРОТЕСТ СО БЛОКИРАЊЕ НА ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ!!!ФИЛТРИ ВЕДНАШ!!!“, повикуваат незадоволните граѓани на Фејсбук. Тие секојдневно сликаат облаци чад што ги испушта фабриката и за кои велат дека се доказ оти „Макстил“ не ги почитува ни минималните еколошки стандарди. Светска банка во извештајот „Зелен раст“ деновиве посочи дека во Македонија се дише воздух со нивоа на загадување меѓу највисоките во Европа. Истражувањето покажува дека суспендираните честички се причина за над 1.350 смртни случаи во Македонија годишно.
Слично

Поврзани вести