Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре напладне почнува карантинот во Србија и ќе трае до понеделник

Утре напладне почнува карантинот во Србија и ќе трае до понеделник

Србија се затвoра од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот.  Во овој период ќе работат само продавниците за храна, лекови и гориво, реши на денешната седница Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот.

„Донесена е и одлука кафулињата и продавниците на ски-центрите и планините да не работат за време на викендот, додека во остатокот од земјата сите продажни објекти ќе бидат отворени до сабота напладне, а од тогаш до понеделник во 6 часот наутро ќе работат само продавници за храна, лекови и горива“, изјави епидемиологот д-р Предраг Кон. 

Од понеделник средните училишта ќе се префрлат со часови на Интернет.  Тој оцени дека епидемиолошката ситуација не може да влијае врз вакцинацијата, која е најдобар начин за превенција против оваа болест. Кон вели дека за стекнување на колективен имунитет треба да се вакцинираат околу пет милиони жители, што преставува 80 отсто од населението во Србија. Деновиве земјата имаше и над 4.000 заразени на дневно ниво. 

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. 

Во регионот, и Црна Гора е пред затворање. Војската е на улиците и проверува дали се почитуваат мерките. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести