Утре матурантите во Куманово пак ќе протестираат против полагање математка
Средношколците од Куманово најавија уште еден протест кој ќе се одржи утре во 12 часот на градскиот плоштад, против задолжителното полагање математика на државната матура.
Протестот ќе продолжи до подрачната единица за Министерството за образование и наука, каде ќе ги достават барањата на средношколската унија за средба и преговори за нов закон.
Кумановските средношколци и денес ги напуштија училишните клупи и маршираа низ кумановските улици, веејќи ги своите транспаренти ,,НЕ за математика!”
Со поддршка на своите професори, тие се упатија кон подрачното одделение на МОН за да го искажат своето незадоволство, но таму не наишле на никого со кого би можеле да разговараат.
Учениците велат дека сакаат државната матура да биде како во изминатите години, кога самите имаа можност да бираат што ќе полагаат помеѓу предметите англиски јазик и математика.
Тие изјавија дека е направен и средношколски пленум и дека очекуваат голема поддршка за натамошните активности.
На утрешниот протест тие велат дека очекуваат поголема масивност и поддршка од повеќе училишта во градот.
Слично
