Утре конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски единствен кандидат за претседател
Утре се одржува 15-от конгрес на владеачката партија на ВМРО ДПМНЕ.
Имено, членството му ја даде поддршката потпишувајќи се на кандидатурата на актуечниот претседател и премиер Никола Груевски, кој што е и единствен кандидат.
Првиот потпис на кандидатурата го ставил режисерот Љубиша Георгиевски, а му се придружиле Борис Змејковски, Мане Јаковлевски, Дијана Транталовска, Ганка Самоилова, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други, или, како што велат од партијата, широк состав од интелектуалци, оснивачи, повратници во партијата и актуелни функционери
Конгресот ќе се одржи во Куманово, а на него ќе присуствуваат 560 делегати избрани по различни основи.На овој конгрес треба да се избере и претседателот на партијата, а рокот за поднесување на кандидатурата беше до денеска до 15 часот.Кандидатурите требаше да се достават во седиштето на партијата.
Право да предложат кандидат за претседател на партијата имаат најмалку 30 делегати на Конгресот.
Гласањето е тајно и треба да гласааат сите присутни делегати, без исклучок.
