Утре ќе се бара зголемување на минималната плата на седница на Економско-социјален совет
Утре е предвидено да се одржи седница на Економско-социјалниот совет помеѓу претставници на работничките здруженија, работодавачите и власта.
На средбата ќе се дискутира евентуалното зголемување на минималната плата и усогласување со трошоците за живот.
Ќе се разгледуваат барањата на синдикалните претставници, од кои евентуално би произлегле идните економски мерки.
Синдикатите бараат конкретни решенија и јасни рокови. Досегашниот став на власта е дека работодавачите и синдикалците треба да се договорат.
Основната месечна потрошувачка кошничка за едно домаќинство е над 65 илјади денари.
Слично
