Утре ќе бидат распишани предвремени избори во Србија
Српската Влада денеска му предложи на претседателот на Србија, Томислав Николиќ да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори.
Николиќ утре напладне ќе го потпише указот за распуштање на Парламентот и ќе распише предвремени парламентарни избори, две години пред редовните избори. Согласно српскиот Устав, изборите треба да се одржат најдоцна 60 дена од денот на распишување на Собранието. Претходно премиерот Александар Вучиќ изјави дека има потреба од нов мандат за да ги спроведе реформите и да ги доврши преговорите за членство во Европската Унија.
Тој најави дека е можно изборите да се одржат на 24 април.
Владејачката Српска напредна партија ужива голема доверба кај гласачкото тело и се очекува Вучиќ да обезбеди втор мандат.
Слично
