Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре истекува рокот за поднесување барање за земјоделски субвенции

Утре истекува рокот за поднесување барање за земјоделски субвенции

Утре истекува рокот за поднесување барање за земјоделски субвенции за 2014 година.

Платежната агенција ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои се уште не аплицирале, веднаш да се обратат во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок, додека тие возвраќаат дека  има големи турканици пред подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што има регистрирано земјоделско стопанство за да се поднесе барањето во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

- Ги потсетуваме одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, соопшти Агенцијата.

Слично

Поврзани вести