Утре истекува рокот за аплицирање за отпис на долгови
Крајниот рок за граѓаните да се пријават за искористување на мерката за отпис на долгови истекува утре. Апликациите треба да се предадат во Центрите за социјална работа низ Македонија најдоцна до 16:30 часот, односно до истекот на работното време.
Според последните податоци од петокот, досега се поднесени над 36.000 барања. Апликација можат да поднесат лица кои припаѓаат на социјално ранливи категории и да побараат да им бидат отпишани долговите настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса.
Постапката за пријавување на граѓаните започна на 18 август, а претходно интерес да учествуваат во оваа мерка изразија компаниите кон кои граѓаните должат.
Слично
