Утре и во понеделник без струја неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје инфомира дека во сабота и понеделник ќе има прекини во снабдувањето со електричната енергија.
Ова се улиците каде корисниците во сабота и понеделник нема да имаат струја:
-20.09.2014 (Сабота)
• Во период од 09.00 до 18.00 часот Средно Долно и Горно Коњари, Ален компани и другите објекти околни, село Чифлик, с.Живење, с.Дивље и с.Сушица. (Опш.Петровец). • Од 14.30 до 17.30 часот дел од улица Индира Ганди.
- 22.09.2014. (Понеделник)
• Од 08.00 до 16.00 часот ул. Киро Фетак (Опш.Кисела Вода) • Од 08.30 до 09.30 ул.Македонија број 37 и 39 и ул.Вељко Влаховиќ бр.5 и 21. (Опш.Центар). • Од 09.00 до 15.00 часот ул.Диме Мечето и ул.Волт Дизни (Опш.Шуто Оризари) • Од 09.30 до 15.30 с.Рашче (Опш.Сарај) • Од 09.00 до 15.00 часот с.Грчец под улици 1,2,3,4 и 5 (Опш:Сарај)
