Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре е Св. архангел Гаврил – Еве ШТО ТРЕБА, А ШТО НЕ ТРЕБА да правите!

Утре е Св. архангел Гаврил – Еве ШТО ТРЕБА, А ШТО НЕ ТРЕБА да правите!


Во народот овој празник е познат и како летен Арханѓел за кои се врзуваат многубројни обичаи, според кои на оние кои ја почитуваат верата денес им е забранете скоро секаква работа.


Свети архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.


Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Поради тоа се верува дека на денешен ден треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа. Св. Арханѓел е посветен ан доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.
Слично

Поврзани вести