Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре е последна шанса на партиите да постигнат договор

Утре е последна шанса на партиите да постигнат договор

Евроамбасадорот Аиво Орав, преку неговиот официјален „Твитер“ профил им порача на политичките партии дека утре заедно со европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан треба да постигнат конечно решение за предвремените парламентарни избори.

„Амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговараа за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре, е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан“, твитна Орав.

Европратениците вечерва ќе допатуваат во Скопје и ќе се обидат да ги приближат ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите.

Инаку, помеѓу партиите повторно имаше судир на ставовите, откако излезе извештајот од ЕУ и САД кои порачаа дека нема услови за избори на 24-ти април.

СДСМ порачаа дека се согласуваат со меѓународната заедница и дека тие избори би биле криминални, а ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека САД и ЕУ не понудиле цврсти докази дека нема услови за избори во април.

Слично

Поврзани вести