Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре е денот Д, ќе се објави новата, зголемена цена на струјата!

Утре е денот Д, ќе се објави новата, зголемена цена на струјата!
Како што вчера објави Фактор од први јули струјата поскапува за 3,5% . Зголемувањето е утврдено согласно пресметките на енергетските компании кои минатиот месец ги доставија трошоците до Регулаторна комисија за енергетика. Според најновите правила, цената на струјата се утврдува еднаш во годината. Новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат ќе важи до 1 јули 2015 година. Лани од 1-ви јули струјата поевтине за 4,48 отсто. Како главна причина за поевтинувањето на цената на струјата се посочи тоа што беше утврдено дека компаниите оствариле повеќе приходи во споредба со првично планираното. Годинава ќе има поскапување, што ќе биде објавено утре.
Претходната година, 2012 та,  струјата поскапуваше два пати, а тогаш вкупно цената се зголеми за околу 20 проценти. Новата цена ќе се објави утре. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести