Утре без струја следниве скопски места
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека в понеделник без струја ќе останат:
Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од пат за Радишани, улица Бутелска.
Од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улиците околу Чаирчанка.
Во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од дел од село Арачиново.
Од 09.30 до 14.00 часот, корисниците од селата: Радуша, Дворце, Орашје, Копаница, Бојане, Рашче, Долно и Горно Свиларе.
Во период од 08.30 до 10.00 часот, корисник Радиопредавател „Хиподром“.
Слично
