Утре без струја повеќе општини во Скопје
Без електрична струја утре од 9 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Хо Ши Мин“ од бр.407 до бр.423 во општина Бутел.
Во периодот од 8.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Старата скопска чаршија, општина Чаир.
Од 9 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Вапцаров“ бр.11 и бр.13, како и корисниците од улицата „Димитрие Чупоски“ бр.10 во општина Центар.
Корисниците од улицата „Владимир Каваев“ во општина Карпош без струја ќе бидат од 10 до 13 часот.
Прекините се поради технички зафати на екипите од ЕВН.
Слично
