Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре без струја делови од Радишани, Арачиново и Грушино

Утре без струја делови од Радишани, Арачиново и Грушино

Корисниците од село Арачиново во близината на долното училиште утре од 9 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од улицата „Бутелска“ во Радишани, а од 8.30 до 13.30 часот корисниците од улицата „Франце Прешерн“ бр. 30 и дел од  корисниците од улицата „Франце Прешерн“.

Од  08.30 – до 16 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од село Грушино, а од 8 до 16 часот дел од корисниците од село Арачиново на потегот меѓу Полициската станица и долната џамија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето на закажани технички зафати од страна на  ЕВН Македонија АД.

Слично

Поврзани вести