Утре бесплатно скијање
Утре започнува скијачката сезона на Попова Шапка, а традиционано првиот ден ќе биде бесплатен. Ски-лифтовите се подготвени и технички исправни, информираат од центарот како и жичарницата – „Церипашина“.
Доколку се искористи бесплатниот ден ќе може и сериозно да се заштеди, бидејќи дневниот билет чини 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 15 часот 600 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари.
Од оваа година за прв пат на ски-патеките ќе има електронски ски билети со што се очекува намалување на метежот на жичниците и ски лифтовите, а исто така и туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час.
Двоседот „Св. Илија“ не е завршен навреме и се уште се во тек финалните работи од завршната фаза и биде ставена во функција дополнително.
